Индонезија е подготвена да ги олесни мировните преговори меѓу Русија и Украина, изјави денеска индонезискиот претседател Џоко Видодо во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

„Телефонски разменив мислења со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Украина, како и за соработката на Г20. Истакнав дека војната мора веднаш да прекине и да се даде шанса на мировните преговори. Индонезија е подготвена да придонесе за оваа цел“, напиша Видодо на Твитер.

Индонезија, актуелниот домаќин на Групата 20 големи светски економии, планира да го организира самитот на Г20 во ноември на Бали.