Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата биле откриени и санкционирани 25 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Куманово – 19, на подрачјето на Кратово – четири, два на подрачјето на Крива Паланка. За време на контролата биле санкционирани и седум останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.