39-годишна жителка од скопско село вчера во 17:40 часот во СВР Тетово пријавила дека била измамена од едно машко лице, кое најпрво и рекло дека е од Скопје, а потоа од Тетово.
Според пријавеното, лицето и ветило дека ќе и помогне да ѝ доделат стан преку хуманитарна организација, но за подмирување на одредени трошоци побарало од неа преку таксист во Тетово да му испрати извесна сума пари.
Како што е пријавено, таа му ги дала парите на таксистот, а лицето со кое контактирала телефонски не се појавило во Тетово, по што сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.