СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.К.(57) од село Стар Караорман, штипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 03.04.2022, пријавениот, преку социјалната мрежа „Facebook“ објавил коментар со содржина која ширел расистички и ксенофобичен материјал.