Три лица ангажирани како обезбедување се убиени откако непознати лица отвориле оган врз избирачко место во јужниот дел на Филипините каде се одржуваат општи претседателски избори.
Изборните процеси вообичаено се турбулентни настани Филипините, земја со релативно лабава легислатива во органичувањето поседување оружје и традиција на насилна политичка култура.
Нападот се случил во набргу по отворањето на гласачките кутии на изборно место Булуан, на острово Минданао, каде активни се многу оружени групи, од приватни војски на политички лидери до комунистички бунтовници и испламистички борци.
Вооружени лица извршиле напад и врз избирачко место во провинцијата Ланао дел Сур во Минданао, при што е убиено едно, а ранети две лица ко дошле на гласање.
Девет гласачи се ранети во бомбашки напад пред избирачко место во општина Дату Унсаи во провинцијата Магуинданао. Нападот бил извршен во миг кога гласале луѓе што дошле од оддалечени населени места за да го остварат своето избирачко право.
Портпарол на Изборната комисија рече дека се обидуваат да проверат дали нападите се поврзани со изборите.
Сара Дутерте, кандидатката за потпреседател и поранешна градоначалничка Давао Сити во Минданао, пред медиумите изрази надеж дека насилствата нема да ги одвратат гласачите да го остварат своите право на избор.
Фаворит за победа на претседателските избори е Фердинанд Маркос Јуниор, син на диктаторот Фердинанд Маркос кој владееше со Филипините до 1989 година кога беше соборен од власта.