Денеска во 05.45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Б.Д.(42) од село Конопница, кривопаланечко.
Тој бил осуден на 8 години затворска казна, а се барал со судска наредба за доиздржување на 5 години казна затвор.
Б.Д. е спроведен во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.