Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 126 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со над 70 километри на час. Притоа, 36 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.