Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не сака судир со НАТО.

– Ова е борба, кој тој навистина не ја сака, истакна Остин на сослушување во Конгресот.

Тој додаде дека голем број руски трупи се во Украина, а другите во Белорусија, додека НАТО на располагање има околу 1,9 милиони војници.

Изјавите на Остин се во момент кога Шведска и Финска размислуваат за членство во НАТО.