Кинески патнички авион утринава се излизга од писта за време на полетување во градот Чонгкинг, по што избувна пожар, јавија кинеските државни медиуми.

Сите 122 лица од авионот „Ербас А319-115″ во кој имало 113 патници се евакуирани, а повредените се префрлени во болница, јави агенцијата Синхуа.

Медиумите емитуваа видео од авионот на „Тибет ерлајнс” кој испушта црн чад.