Во склоп на пролетната работна акција што деновиве се спроведува на територија на општина Центар, активностите на екипите на ЈП Паркови и зеленило се одвиваат согласно планираните работни операции.
Со денешните активности за чистење и средување на јавните зелени површини се изврши косење на тревни површни на зеленилото, собирање на откосот и кроење на вегетацијата на булевар „Гоце Делчев“.
Теренските екипи извршија и расчистување на зеленилото, собирање на отпадоци и смет, како и собирање шут и гранки од зеленилото долж булеварот. Исто така, со денешните активности екипите од Секторот Дрвореди постапија по издадени Решенија од страна на Град Скопје, при што вкупно се искастрија 5 дрвја на бул. „ Св.Климент Охридски“ (кај парк Театар Комедија).
Утрешните активонсти, согласно планот за работа е предвидено да се спроведат на улица „Самоилова“.