Европските компании кои работат во Кина трпат големи последици поради мерките на кинеската Влада насочени кон спречување на ширењето на Ковид-19, предупреди денеска претседателот на Стопанската комора на ЕУ во Кина, Јоерг Вутке.

– Неизвесноста прави сè многу тешко. Што ќе се случи следно? Кога ќе биде воведена следната блокада?, рече тој.

Претставниците на комората известија дека товарниот транспорт меѓу градовите бил отежнат, а компаниите морале да го прекинат или намалат производството, а сето тоа доведе до сериозни нарушувања во синџирите на снабдување.

На подрачјето на 46 града во Кина моментално се во сила ограничувања за движење на населението поради пандемијата на коронавирусот. Некои области се под поголеми, а некои под помали ограничувања. Шангај, економскиот и финансискиот центар на земјата, е во блокада веќе шест недели што вклучува строг полициски час за милиони луѓе.