Заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар изјави дека Киев знае колку борци сè уште се заробени во Азовстал, пренесе Би-Би-Си.
Но, таа одби да даде повеќе детали нагласувајќи дека таквите информации се „чувствителни“.
На брифинг таа ветила дека ќе каже повеќе кога ќе заврши „операцијата за спасување“ и нагласи дека тоа е единствениот начин да се спасат украинските бранители.
Повикувајќи се на очевидци, Ројтерс претходно јави дека најмалку седум автобуси со повеќе украински борци тргнале од челичарницата Азовстал во Мариупол.
Се чинело дека борците, кои биле придружувани од проруски сили, не се повредени, изјавил очевидец за агенцијата.
Повеќе од 260 украински борци синоќа ја напуштија челичарницата во опколениот град и беа одведени на територија под контрола на Русија.