Ешли Бајден, ќерката на американскиот претседател Џозеф Бајден, е позитивна на тест за Ковид-19, соопшти денеска Белата куќа.

Ешли Бајден (40) попладнево требаше да отпатува во Централна Америка со нејзината мајка, првата дама Џил Бајден, но патувањето е одложено, се наведува во официјалното соопштение.

Засега не е познато кога Ешли Бајден последен пат контактирала со нејзиниот татко.