Аргентински суд официјално ја призна „одговорноста" на државата за масакрот на повеќе од 400 домородци пред речиси еден век во резерватот Шако на северот на земјата за време на „судење за вистината", со препорачани репарации.

По шест рочишта во текот на еден месец во пресудата што денеска беше прочитана на шпански и на домородните јазици, судот заклучи дека ја разгледува „докажаната државна одговорност" во „злосторства против човештвото" во контекст на „геноцид врз домородците". Трибуналот утврди дека утрото на 19 јули 1924 година, стотици полицајци, жандарми и неколку вооружени цивили, поддржани од авиони, пристигнале во резерватот каде што илјадници луѓе, фамилии Ком и Мокови и земјоделските работници кои штрајкувале поради очајните услови во полињата за памук..

Тие пукале во штрајкувачите повеќе од еден час и притоа биле убиени меѓу 400 и 500 припадници на двете етнички групи, а ранетите луѓе кои не можеа да избегаат беа убиени на најбрутален начин, осакатени и закопани во масовни гробници, соопшти судот. Тој настан е познат како масакрот Напалпи.