Нивото на шпионажа за време на војната во Украина, е речиси исто како во периодот на Студената војна, или дури и поголемо, тврди шефот на германското разузнавање Томас Халденванг.
Халденванг, кој ја предводи Федералната служба за заштита на уставниот поредок (BfV), предупреди на зголемен ризик од саботажа во контекст на војната во Украина
Тој изјави дека Германија разоткрила голем број руски шпиони кои биле активни во земјата во последните години.
Халденванг смета дека „во свет на отворени непријателства и драстични санкции, прагот на инхибиција за шпионажа, саботажа и нелегитимно влијание ќе продолжи да паѓа“.