Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека намерите на Финска и на Шведска за присоединување во НАТО довело до зголемена воена закана во близина на руската граница, за што Москва презела „соодветни контрамерки“, јавија денеска руските медиуми.
Шојгу најавил дека Русија на заканата ќе одговори со формирање 12 дополнителни единици во западниот воен округ.
Финска и Шведска завчера и официјално поднесоа барање за присоединување кон НАТО.