Белгиските здравствени власти пријавија два потврдени случаи на мајмунски сипаници во земјата. Докторот Ив Ван Латем објасни дека оваа ретка болест многу забрзано се шири периодов и дека тоа е изненадување. Мајмунската вариола постои веќе десет години.
Болеста не се смета за опасна, освен за ранливите групи како повозрасни лица и лица со слаб имунитет.
Смртноста е меѓу 1 и 10 отсто кај овие луѓе. Опасноста зависи и од сојот.
Можно е Белгија да има повеќе од два случаи, рече докторот.
Според Ван Латем хомосексуалната заедница е попогодена од другите, но не е јасно како се одвива заразата.
-Никогаш не сме имале толку случаи одеднаш и не разбираме, ова никогаш не се случило, рече епидемиологот.
Според лекарските познавање за инфекција е потребен директен контакт со заразено лице, за разлика од Ковид-19