Член на тимот на американскиот претседател Џо Бајден е уапсен денеска во Сеул, откако беше обвинет дека нападнал јужнокорејски државјанин во пијана состојба, еден ден пред посетата на Бајден, соопшти полицијата.

Членот на тимот, кој работи за американското Министерство за домашна безбедност, бил приведен вчера, во раните утрински часови, откако влегол во кавга поради такси, изјави полициски службеник на округот Јонгсан.

Инцидентот се случил пред хотелот Гранд Хајат, каде се очекува да пристигне Бајден

Полицаецот не го откри името или други информации за осомничениот.

Бајден денеска пристигна во Сеул, а Јужна Кореја му е прва станица на неговото прво патување во Азија во неговиот претседателски мандат