Претставниците на седум земји, вклучително и оние кои во знак на протест поради рускиот напад врз Украина го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК), ја повикаа Русија веднаш да ги прекине воените дејствија.

Претставниците на САД, Австралија, Канада, Чиле, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд во заедничко соопштение истакнаа дека се длабоко загрижени поради хуманитарната криза во Украина.

„Потврдувајќи ја важноста на меѓународниот поредок заснован врз правила, кој поддржува отворен, динамичен, отпорен и мирен азиско-тихоокеански регион, силно апелираме на Русија веднаш да прекине со употребата на сила и целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од Украина“, се наведува во соопштението лиферувано од седумте држави.

Претставниците на некои земји го напуштија состанокот кога рускиот министер за економија Максим Решетников зборуваше на отворањето на дводневниот состанок во АПЕК во кој членува 21 држава. Делегациите на пет држави се вратија на состанокот по завршувањето на говорот на Решетников.