Лидерот на проруските сепаратисти во украинскиот регион Доњецк, Денис Пушилин, изјави дека на територијата на „ Народна Република Доњецк“ ќе им се суди на воените заробеници од челичарницата „Азовстал“ во Мариупол, пренесоа руските медиуми.

-Затворениците од Азовстал се на територијата на Народна Република Доњецк. Планот е да се организира меѓународен суд на територијата на републиката, изјави Пушилин.

„Народна Република Доњецк“ е самопрогласена парадржава под контрола на проруските сепаратисти. Непосредно пред војната, Русија ја призна независноста на самопрогласената парадржава, а потоа рускиот претседател Владимир Путин нареди „специјална воена операција“ во Украина за „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина, обвинувајќи ја за геноцид врз граѓаните кои го говорат рускиот јазик на истокот од земјата.