Иран ќе се одмазди за атентатот на полковникот на Револуционерната гарда кој беше застрелан во Техеран, предупреди претседателот Ебрахим Раиси.

– Инсистирам на сериозен прогон на убијците од безбедносните сили и не се сомневам дека крвта на овој великомаченик ќе биде одмаздана, рече Раиси.

Полковникот Сајад Ходаи вчера беше застрелан пред својот дом од мотоциклист, а Иран за атентатот обвини „елементи поврзани со глобалната ароганција“, термин што се користи за САД и нивните сојузници, вклучително и Израел.