Министерот за земјоделие на САД, Том Вилсак, синоќа во Индијанополис пречека товарен авион со 35.400 килограми вештачко млеко за бебиња од Европа. Во изминатот период овој производ е во огромен недостиг во САД.
Пратката е дел од напoрите на Администрацијата на Бајден да се справи со проблемот и да ја нормализира снабдувачката со млекото во прав за исхрана на бебиња. Недостигот е предизвикан поради затворањето фабрика на фармацевтската компанија Абот, еден најголемите производители на млеко во прав за бебиња во САД, а која што мораше да запре со производство поради безбедносни причини.
Администрацијата за храна и лекови (ФДА) годинава во февруари пронајде бактерија во формулата на Абот и препорача внимателност поради можна небезбедна исхрана.
По ова, Абот доброволно го запре производството во својата фабрика во Мичиген и повлече од употреба во огромни количини неколку производи од млекото во прав како „Симилак“, „Алиментум“ и „Елекеар“, со што САД во изминатиот период се судрија со недостиг.
Американските весници пренесуваат стории за родители кои морале да патуваат со часови за да се снабдат со овој животно важен продукт за исхрана на бебиња кои имаат специјална потреба да конзумираат само таква исхрана за бебињата
Администрацијата на Бајден сега се обидува да пронејде алтернативни снабдувачи и да ја регулира кризата со снабдување со млеко во прав.