Рамнотежата на силите што произлегува од првиот круг на претседателските избори во Франција е на пат да го исцрта профилот на идното Национално собрание, јави дописникот на МИА.

Три недели пред првиот круг на парламентарните избори, повеќе од 75 отсто од намерите за гласање се поделени меѓу претседателското мнозинство под името „Заедно“ (Ансамбл) во кои се здружени(Ренесанса на Емануел Макрон, МоДем на Франсоа Бајру и Хоризон на Едуар Филип: со 28 отсто,). Новата народна, еколошка и социјална унија (Нупес) – соединувајќи ги Бунтовна Франција (ЛФИ), Европа-Екологија Зелени (ЕЕЛВ), Социјалистичката партија (СП) и Француската комунистичка партија (КПФ), со 27 отсто и Националниот собир (РН, 21 отсто. Ако се додадат гласовите што кандидатите ја носата етикетата на Реконкет! партијата на Ерик Земур, 6 отсто, тогаш екстремно десничарскиот блок би претставувал околу 27 отсто намерите за гласање.

Мало потсетување, вечерта на првиот круг од претседателските избори, 27,8 отсто од Французите гласаа за Емануел Макрон, 23,1 отсто за Марин Ле Пен и 21,9 отсто за Жан-Лук Меланшон. Упорноста на оваа политичка трипартиција е главната лекција анкетата спроведена од Ипсос-Сопра Стериа, во партнерство со Центарот за политички истражувања на политички науки (Цевипоф) и Фондацијата Жан Жорес за Ле Монд.

Оваа нова рамнотежа на политичките сили остава малку простор за конкуренцијата. Прва ќе настрада партијата десницата Републиканците (ЛР), која е во сојуз со центристите на Унијата на демократи и независни (УДИ). Како потврда на катастрофалниот резултат на нејзиниот претседателски кандидат, Валери Пекрес (4,78 отсто од гласовите), десницата е во досега невидена слабост со само 9 отсто од намерите за гласање.

Се чини дека секој од трите пола произлезени од претседателските избори ги повлекува силите на својот политички простор. Така, мнозинството левичарски гласачи на претседателските избори ќе гласаат за Нупес кандидатите на парламентарните избори; 86 отсто од анкетираните гласачи на Жан-Лук Меланшон ќе изберат ливче за Нупес на 12 јуни. Останува нејасно однесувањето на социјалистите и комуниститем кои се најмалку убедени во сојузот создаден околу слоганот „ Меланшон за Премиер “ и „заедничката програма“ каде што остануваат многу програмски противречности, особено за Европската унија, постепено укинување на нуклеарната програма, власта или дури и општествени прашања како што е полициското насилство.

Последица на ова, само 55 отсто од гласачите на Ан Идалго и 59 отсто од оние на Фабиен Русел ќе гласаат за Нупес. Поддржувачите на Јаник Жадо се повеќе мотивирани од динамиката на левицата и 64 отсто сакаат да се одлучат за заедниќчкиот кандидат. Ако изгледа несовршено и не ги задоволува сите, сојузот на левицата сепак останува силен двигател за претстојните избори. Истите тие гласачи не се убедени во дисидентските кандидатури, а уште помалку во гласањето за макронистите; 27 отсто од социјалистите, 16 отсто од комунистите и 8 отсто од анкетираните екологисти сакаат да гласаат за друг левичарски кандидат. И тие се само 11 отсто во СП и 8 отсто во КПФ и 15 отсто во ЕЕЛВ кои сакаат да изберат кандидат од претседателското мнозинство.

Кандидатите на „Заедно“ логично се ги добиваат гласовите на поранешни гласачи на Емануел Макрон (81 отсто) и малку преземаат од оние кои гласаа за Валери Пекрес (12 отсто). Како веќе да се случи префрлање на гласовите од десницата кон макронизмот пред првиот круг на претседателските избори и нема повеќе промени во таа насока.

Од своја страна, Марин Ле Пен исто така ги добива гласовите на своите гласачи (80 отсто), а остатокот е подеднакво распределен меѓу другите политички етикети. Кај Ерик Земур, конечно, 64 отсто од испитаниците кои го избраа екстремно десничарскиот полемичар во првиот круг од претседателските избори, сакаат да изберат пратеник од Реконкет!. Неговите гласачи 17 отсто ќе гласаат за кандидат од РН и11 отсто за ЛР..

Од друга страна, ако трипартицијата резултира со рамнотежа на трите политички сили во намерите за гласање, тоа не е случај кога се набљудуваат проекциите во мандатите на новото Народно собрание. Мора сепак да се земат проекциите со претпазливост, бидејќи конечните резултати очигледно ќе зависат од динамиката на кампањата, особено помеѓу двата круга. Меѓутоа, денес, Нупес би добил меѓу 165 и 195 седишта (левицата имаше околу шеесет пратеници во претходната комора); претседателското мнозинство, од 290 на 330 (наспроти 350); РН од 20 до 45 (во споредба со 6 пратеници на крајот од сегашниов мандат ) и ЛР-УДИ од 35 до 65 пратенички места (наспроти 121 денес).

Ако овие проекции ги почитуваат механизмите за засилување на парламентарното гласање во два круга, резултатот не ја одразува желбата за опозиција на претседателот на Републиката. Во логиката на институциите, 54 отсто од испитаниците сакаат Емануел Макрон да добие мнозинство во Собранието и да може да ја спроведи својата политика. Но, 45 отсто сакаат соживот со Жан-Лук Меланшон. Оваа желба за ребаланс на власта и особено за ублажување на онаа на шефот на државата одекнува со говорот на Нупес „да го испратат Жан-Лук Меланшон во Матињон“.

Овој така наречен „трет круг“ би можел на тој начин да создаде разбирлив влог, кој може да влијае на резултатите. Во оваа смисла, 74 отсто од испитаниците велат дека се заинтересирани за парламентарните избори (+ 1 поен во однос на 2017 година). Дури и назначувањето на жена-премиер – за прв пат од она на социјалистката Едит Кресон во 1991 година – се чини дека нема ефект на бранување бидејќи 38 отсто од испитаниците велат дека се „рамнодушни“ кон оваа вест, 34 отсто се задоволни и 28 отсто незадоволни.

Ова чувство на замор кај гласачите, кое веќе се покажа пред претседателските избори, е отелотворено и во проекциите за излезност. Намерата за гласање во првиот круг е меѓу 45 отсто и 49 отсто, односно просечно од 47 отсто. Оние помладите од 25 години имаат најмала веројатност да гласаат (32 отсто кај 18-24-годишните и 34 отсто кај 25-34-годишниците) кога 66 отсто од оние на возраст од 70 и повеќе години ќе стават гласачко ливче во гласачката кутија на 12 јуни. Сојузот на левицата се чини дека не ја спречи оваа диференцијална апстиненција.

Пред пет години, конечниот одѕив во првиот круг на парламентарните избори во 2017 година беше 48,7 отсто и никогаш не бил толку низок. Така анкетите покажуваат дека повторно француските гласачи ќе се воздржат на овие парламентарни избори