Едно лице загина, а друго е повредено при несреќа во истражувачки центар во иранскиот воен комплекс Пархин, поврзан со Министерството за одбрана.

Во несреќата, што се случила синоќа, загинал еден инженер.

Повреденото лице е префрлено в болница.

Пархин, што се наоѓа јужно од Техеран, е поврзан со производство на ракети и нуклеарни истражувања.