Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска ја оправда одлуката да се одржи марш на годишнината од освојувањето на Источен Ерусалим, што вчера беше проследен со насилство и расизам врз Палестинците.

Бенет ја пофали полицијата и рече дека Израел е должен да го одржи маршот кога ќе се соочи со закани од Хамас.

-Да не го направевме тоа по редовната рута, никогаш немаше да се вратиме на неа. Тоа може да биде повлекување на суверенитетот, рече израелскиот лидер, пофалувајќи ги учесниците на вчерашниот марш.

Тој, сепак, ги издвои екстремистичките групи, најавувајќи дека тие ќе бидат третирани според законот, а оние кои славеа вчера тоа го направија на посебен начин.

Израелските националисти за време на маршот извикуваа расистички слогани, вклучувајќи и „Смрт за Арапите“ и ги нападнаа Палестинците и новинарите.

Полицијата вчера соопшти дека уапсила 60 лица, главно Палестинци, а ранети биле и петмина полицајци.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека 62 Палестинци се повредени, од кои 23 се хоспитализирани.

Израелските власти ангажираа илјадници полицајци, избркаа Палестинци и ризикуваа конфликт со исламски екстремистичкиот Хамас за да обезбедат десетици илјади израелски десничари да минат низ палестинскиот кварт и да го посетат најчувствителното светилиште во Ерусалим.

Израел го освои Источен Ерусалим, вклучувајќи го и Стариот град, што има свети места и за Евреите, христијаните и муслиманите, во Шестдневната војна во 1967 година и подоцна го анектираше, што не е меѓународно признат.

Палестинците сакаат источен Ерусалим да биде главен град на нивната идна држава