Израелски борбени авиони синоќа беа дел во маневри над С едоземното Море, симулирајќи напад врз иранските нуклеарни постројки, јави Бета.
На почетокот на мај, израелски медиуми објавија за симулиран напад во Иран, како и на нуклеарни постројки, во рамки на големата воена вежба со име „Огнени кочии“.
Во вежбата учествуваат речиси сите ограноци на израелската армија, што е фокусирана на борбите на северната граница на Израел, меѓу другото и против проиранскиот екстремистички Хезболах во Либан.
Вежбата е особено насочена кон подготовки за напад и на одговорот на очекувана одмазда на Иран и неговите сојузници во регионот.
Министерот за одбрана Бени Ганц во текот на вчерашниот ден го посети Кипар, каде во рамки на „Огнени кочии“, се вежба борба против Хезболах во Либан.
– Израелските одбранбени сили постојано се подготвуваат за операции и разни кампањи, на повеќе места, ќе му нанесат сериозен удар на секој, кој им се заканува на граѓаните на државата Израел, истакна Ганц, јавија израелски медиуми.