Израелските безбедносни сили убија Палестинец во бегалски камп во Западен Брег, соопшти утрово палестинското Министерство за здравство.

Ајман Мухајсен, на возраст од 29 години, е убиен во бегалски камп близу Витлеем.

Израелската армија се уште не го коментираше инцидентот.