Вкупно 23 лица се санкционирани зашто возеле под дејство на алкохол при зајакнатата акциска контрола што ја спроведе ноќеска сообраќајната полициија во скопските општини Илинден и Петровец, додека во Тетово се казнети 36 возачи.

На сите прекршители, како што соопшти МВР, им се изготвени соодветни поднесоци.

Во Илинден и Петровец контролите биле од 22:00 часот синоќа до 3:00 часот изутринава, а во Тетово од 1:00 до 5:00 часот. Во Тетово за време на контролата биле санкционирани и шест останати прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.