Пресврт на политичката сцена во Австрија откако Социјалдемократската партија (СПО) значително ја мина во рејтингот владејачката Народна партија (ОВП) на канцеларот Карл Нечамер, чија влада во моментов има далеку од доволна поддршка за владеење.

Според истражувањето на Институтот Лакарсфелд, СПО, партијата која со месеци наназад е на прво место, сега може да смета на поддршка од 30 отсто од гласачите.

Со овие последни резултати во анкетите разликата меѓу ОВП, која може да смета на поддршка од само 22 отсто од гласачите, сега изнесува цели осум отсто и е најголемата досега.

На трето место е Партијата на слободата (ФПО), која за првпат по четири недели падна под 20 отсто, односно моментално за оваа партија би гласале 19 отсто од гласачите.

Коалицискиот партнер на ОВП, Зелените, паднаа за два отсто и во моментов може да добијат само девет отсто поддршка, а на четвртата позиција со 13 отсто од гласовите се најде петтата парламентарна партија Неос.

Интересно е што парламентот во овој момент, доколку има избори, би добил шеста партија, антиваксерската „Луѓе, слобода, основни права“ (МФГ), која може да смета на пет проценти од поддршката од граѓаните.

Овие резултати значат дека сегашната влада на ОВП-Зелените ја ужива поддршката од само 31 отсто од австриските граѓани, помалку отколку кога ОВП победи сама на последните парламентарни избори.