Одборот за државни прашања и законодавство на руската Дума одобри нацрт-закон со кој се санкционира чинот на велепредавство и преминување на непријателска страна за време на војна во која учествува Русија, соопшти денеска Думата.
„Со оглед на фактот дека измените во законските прописи во оваа сфера се насочени кон безбедноста на Руската Федерација и зачувувањето на уставниот поредок, Одборот за државни прашања и законодавство на руската Дума го одобрува концептот на нацрт-федералниот закон и препорачува Думата да го прифати“, се наведува во соопштението, пренесено од Тасс.