Директорот на руската државна вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин денеска реагираше на веста дека шефот на дипломатијата Сергеј Лавров нема да може да пристигне на планираната посета на Србија, бидејќи соседните земји одбиле да му дозволат да лета над нивна територија.
Рогозин на Твитер напиша порака која предизвика голема бура во јавноста, но и сомнеж за можноста од ескалација на војната.
„Дали за тоа е добар „Сармат“? Тој нема да бара согласност да лета од кукавичките Бугари, одмаздољубивите Романци и Црногорци кои ја предале нашата заедничка историја, како и другите, Швеѓаните“, напиша Рогозин, кој често се заканува со употреба на нуклеарно оружје.
„Сармат“ инаку е најсмртоносната руска ракета, која во светот е позната и како Сатана.