Русите го ставаат Мариупол во карантин поради можна појава на колера, изјави советникот на градоначалникот за украинската телевизија United News TV.

– Гледаме како градот се затвора, рече Петро Андриушченко, додавајќи дека „за колера се зборува внатре во градот, меѓу окупаторите и нивните сојузници“.

Би-би-си нагласува дека не може да ги потврди неговите зборови.

Локалните и светските медиуми со недели пишуваа дека во градот може да се случи хуманитарна катастрофа поради недостиг на храна и вода за пиење.