Перуанската полиција заплени 2,2 тони кокаин, кој по морски пат требало да биде пренесен во Холандија.

Дрогата била скриена во конзерви со аспарагус, уапсени се седум Перуанци, а по двајца Албанци биле распишани потерници.

Шефот на Управата за борба против дрога, Цезар Ечеварија, рече дека организацијата за шверц на дрога ја воделе двајца албански државјани.

– СЕ РАБОТИ ЗА КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА ПОВРЗАНА СО КОЛУМБИЈА, ЕКВАДОР И АЛБАНИЈА, РЕЧЕ ЕЧЕВАРИЈА.

Според него, полицијата соработува со меѓународна полиција во потрагата по двајца албански државјани кои како логистички помагачи пристигнале во Перу во координација со албанската мафија.

Ечеварија рече дека оваа организација дрогата ја плаќа со биткоини.