Комисијата која го истражува упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година денеска го одржува своето второ јавно сослушување.

Меѓу оние кои сведочеа беше и Крис Стирвалт, поранешен уредник за политика во Фокс њуз и Бил Степиен, менаџер за кампања на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој во последен момент одлучи да не дојде лично, а да сведочи преку видео врска.

Седницата започна наелектризирана со квалификации дека Трамп поттикнал хаос, пласирајќи теории на заговор за изборна измама.

Во своето воведно излагање членката на Претставничкиот дом, Лиз Чејни, републиканка и потпретседателката на комисијата, го нападна шокантното тврдење на Трамп дека во заговор од лоши актери вклучувајќи кинески компании за сафтвер, диктаторот на Венецуеал и либералниот финансиер Џорџ Сорос, биле хакирани гласачките машни произведени од „Доминио воутинг“ за да лажираат изборите и за Трамп да изгуби.

Членовите на Комитетот вчера изјавија дека многу повеќе докази ќе се појават на претстојните сослушувања дека Трамп знаел дека ја изгубил кандидатурата, а сепак поттикнал хаос со тоа што на поддржувачите им кажал дека бил измамен да не добие уште еден четиригодишен мандат,

Трамп, објавувајќи ја својата сопствена платформа Трут, ја нарече комисиската расправа „едностран, целосно партиски, политички лов на вештерки“.

Трамп „апсолутно знаеше дека изгубил“, изјави конгресменот Џејми Раскин, демократ од Мериленд, во емисијата „State of the Union“ на Си-Ен-Ен.

„Секој разумен човек би требало да знае дека тоа беше голема лага“, изјави раскин, за тврдењето дека Трамп победил на изборите во ноември 2020 година над демократот Џо Бајден, кој го презеде претседателството две недели по упадот во американскиот Конгрес.

Во следните две недели се планирани уште најмалку шест јавни расправи.