Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.М.(41) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 10.03.2022, на социјалната мрежа Фејсбук, на објава на интернет портал, пријавениот напишал коментар со кој поттикнал и промовирал омраза.