Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска објави дека ќе бидат воведени визни ограничувања за уште 93 лица за кои се верува дека ја поткопуваат демократијата во Никарагва.

Според него, мерката, што ќе биде воведена против судии, пратеници и службеници на Министерството за внатрешни работи на Никарагва, е поврзана со „легитимниот“ реизбор на Даниел Ортега за претседател на таа јужноамериканска држава.

Вашингтон „останува длабоко загрижен“ поради незаконското притворање на политичките затвореници и континуираниот прогон на членовите на граѓанското општество во Никарагва, додаде Блинкен.