Шефот на француската држава Емануел Макрон на патувањето во Романија оцени дека непочитувањето на европските договори, што се промовира од Нупес (коалицијата на левицата), е „слабеење за Франција“, јави дописникот на МИА.
На пистата на аеродромот „Михаил Когалничеану“, во близина на Констанца, каде што изврши смотра на француските и странските војници, Емануел Макрон денеска одговори на обвинувањата за мешањето жанрови и критиките од Жан-Лук Меланшон.
Во интервју за Паризиен, лидерот на Бунтовна Франција сметаше дека претседателското патување кај француските сили распоредени на романска територија претставува форма на „презир“ за гласачите.
„Ќе мора да ми објасните како доаѓањето кај војниците е облик на презир“, одговори претседателот, верувајќи дека Французите го гледаат тоа како „облик на почит“.
„Да се биде претседател на Републиката значи и да се биде командант на вооружените сили“, продолжи тој. „Не делат и неколку дена од крајот на француското претседателство со Европската унија. Знам дека некои сакаат да излезат“, додаде тој, насочен кон третиот човек на претседателските избори-Меланшон, кој се залага за непочитување на европските договори.
-Тоа би било слабеење за нашата земја и нејзината безбедност, оцени Макрон, без да оди подалеку и да потсети на проруските позиции на Жан-Лук Меланшон.
Во француската политика не е вообичаено шефовите на држави да коментираат за внатрешно-политичките работи кога патуваат во странство. Но, неколку дена пред вториот круг, Макрон нема да има време да ги мобилизира своите гласачи, и затоа пред заминување во Романија излезе со драматизација на ситуацијата поради вториот круг од парламентарните избори, на кои ризикува да не добие апсолутно мнозинство.