Италија треба повеќе да се потпира на високите нивоа на заштеди и државни средства во финансирањето на долгот и да ја намали својата зависност од Европската централна банка (ЕЦБ), изјави денеска шефот на банката Интеса Санпаоло, Карло Месина.
– Ми изгледа нелогично да се зборува за енергетска независност, а ние дури и не ја спомнуваме финансиската независност, изјави извршниот директор на Интеса, Карло Месина, на конференција за финансиска писменост.
Италија мора да го стимулира економскиот раст и да усвои мерки за намалување на јавниот долг, со цел ограничувањето на трошоците за позајмување да не биде препуштено на ЕЦБ и нејзиното купување обврзници, смета шефот на најголемата италијанска банка.
Јавниот долг на Италија на крајот на минатата година изнесуваше 2,67 трилиони евра и беше повеќе од двојно поголем од БДП, рангирајќи ја Италија заедно со Грција, земјата со најголем долг изразен со удел во БДП во ЕУ.