Парламентот на Никарагва синоќа ја потврди одлуката на Претседателот на државата и на Владата да се дозволи руско воено присуство во земјата.

Со одлуката се одобрува влез на 230 руски војници во Никарагва, кои во периодот од 1 јули до 31 декември ќе спроведуваат заеднички патроли со никарагванските трупи во водите на Пацификот.

Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега ја поддржува руската инвазија врз Украина, а одлуката на Парламентот не беше неочекувана.

Од 2012 година еднодомниот Парламент на Никарагва одобрува влез на странски трупи, вклучително и Руси, на секои две години.

САД изразија загриженост заради таквата одлука на никарагванските власти.