Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по препораката на Европска Комисија за кандидатски статус за членство во ЕУ на Украина и на Молдавија, истакна дека Русија внимателно ги следи напорите на Украина да стане членка на Европска Унија.
– Тоа прашање бара наше зголемено внимание затоа што сите сме свесни за интензивирањето на дебатата во Европа на тема зајакнување на одбранбената компонента на ЕУ, истакна Песков.
Тој додаде дека „во Европа има различни трансформации што ги следиме највнимателно“.