Самостојната изложба насловена „Класик 2“ од академискиот сликар Гезим Аземи од Тетово од вчера е отворена за јавноста во фоајето на тетовскиот Центар за култура „Иљо Антески-Смок“.

– Преку самостојната изложба „Класик 2“ публиката има можност да види претставени портрети на класични музичари, информираат од Центарот за култура.

Гезим Аземи е роден 1984 година во Тетово, каде и се школувал. Дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, насока сликарство. Учествувал и на многу колективни изложби и ликовни колонии.