Резултатите од најновата анкета на „Пју истражувачкиот центар“ („Pew Research Center“), покажуваат дека најголем број држави се пријателски расположени кон САД, а Вашингтон го сметаат за сигурен партнер.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Истражувањето покажува и дека се зголемиле не негативните ставови за Русија, посебно по инвазијата врз Украина.
Во Шведска, која аплицираше за влез во НАТО по инвазијата врз Украина, 84 отсто од испитаниците изјавиле дека САД се сигурен партнер, што е за 21 процент повеќе во споредба со претходната година.
Зголемување на довербата во САД за 25 отсто има и во Јужна Кореја, каде 83 проценти изјавиле дека САД се сигурен партнер, додека довербата во Канада е зголемена за 16 проценти и изнесува 84 отсто.
Други земји кои забележаа пораст во перцепциите за сигурноста на САД се Австралија, Белгија, Велика Британија и Германија.
Деведесет и еден процент од Полјаците позитивно гледаат на САД, а само два проценти имаа позитивни ставови за Русија.
Податоците од трендовите ја вклучуваат Италија, каде што силната поддршка на премиерот Марио Драги за Украина се соочи со контроверзии, и Грција, каде антиамериканското расположение е високо и покрај нејзиното членство во НАТО.
Грција и Малезија се единствените земји во истражувањето каде помалку од половина од јавноста позитивно гледа на САД, при што бројката во Грција од 2021 година е намалена за 15 проценти и изнесува 48 отсто.
Истражувањето беше спроведено на 23 484 возрасни лица во 18 држави во периодот од 14 февруари до 11 мај.