Повеќе од 400 мигранти од Мароко утрово се обиделе да влезат во шпанската енклава Мелила, а според полицијата „значителен број од нив“ успеале во нивната намера.

Тоа е прв обид за масовен влез во една од двете шпански енклави лоцирани на северниот брег на Мароко е прв по нормализацијата на односите меѓу Мадрид и Рабат во средината на март по речиси едногодишен дипломатски спор.

Нормализацијата на односите меѓу Рабат и Мадрид овозможи повторно отворање на границата меѓу северно Мароко и шпанските енклави Сеута и Мелила во средината на мај.

Овие две енклави се единствените копнени граници на ЕУ на африканскиот континент, преку кои мигрантите „редовно“ се обидуваат да влезат во Европа.