Во ноќен клуб во Јужна Африка се откриени тела на 20 млади луѓе, соопшти денеска локалната полиција.

Жртвите се на возраст меѓу 18 и 20 години, изјави полицискиот претставник, додавајќи дека во тек е истрага за околностите во кои тие настрадале.

Телата се пронајдени во клуб во пристаништето во источен Лондон, милионски град на околу 700 километри јужно од Јоханесбург

На социјалните мрежи кружат фотографии од клубот на кои се гледаат телата на жртвите без видливи повреди, а голем број луѓе се собраа недалеку од клубот.