Францускиот претседател Емануел Макрон побара од премиерката Елизабет Борн да предложи нова „влада на дејствување” што ќе биде именувана на почетокот на јули.

Макрон, исто така, ја потврди својата долгорочна доверба во Борн, јавија француските медиуми.

Претседателот на Франција во вторникот ја отфрли понудата на премиерката да поднесе оставка по лошиот резултат на минатонеделните избори на кои неговата алијанса загуби апсолутно мнозинство во парламентот.

Макрон, кој беше под притисок да бара компромиси, се обрати кон своите политички противници, барајќи од нив да излезат со идеи за работата на фрагментираниот парламент.