Поројни дождови предизвикаа поплави во северната турска провинција Кастамону, а ситуацијата е најтешка во Инеболу и во Бозкурт.

Синоќешниот дожд предизвикаа излевање од коритото на реката Инеболу, предизвикувајќи штета на инфраструктурата, поплавен е и локалниот пазар, каде се урнал пешачки мост, јави агенцијата Анадолија.

Поплавени се и многу објекти, а надлежните служби апелираа граѓаните да не се приближуваат кон реката и да не ги отвораат дуќаните.

Оштетената инфраструктурна мрежа предизвика поголем дел од Инеболу да остане без струја.

Во Бозкурт има слична ситуација, каде тече надојдената река Езине.

Надлежните служби се на терен и им помагаат на граѓани во загрозени населби.