После двонеделни протести кои ја блокираа земјата, претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо најави дека ќе се намалат цените на горивата.
„Одлучив да ја намалам цената на бензиот за 10 центи по галон (3,78 литри), а цената на дизелот за 10 центи по галон – изјавил претседателот Ласо.
Според тоа цената на дизелот ќе биде 1,80 долари додека цената на бензинот 2,45 долари, додека предводницте на протестите бараа ценати на горивата да се намалат на 1,50 и 2,10 долари.
Протестите започнале на 13 јуни и во насилствата во протестите загинале шестмина додека десетици биле повредени.