При рускиот ракетен напад врз трговски центар во градот Кременчук, централна Украина, загинаа најмалку две лица, а 20 се повредени, соопштија украински претставници.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави видео-снимка на која се гледа голем пожар во една голема зграда, но сè уште не е потврдена веродостојната на снимката.

Според Зеленски повеќе од илјада луѓе имало во трговскиот центар за време на нападот, без да наведе број на жртвите.

И градоначалникот на Кременчук, Виталиј Мелецки потврди дека имало напад врз трговски центар, исто така не наведувајќи број на жртвите.