На 29.06.2022 во салата за состаноци во Полициската станица Гази Баба, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, како и други организациски единици при СВР Скопје одржаа средба со сопственици на угостителски објекти од Скопје.

На средбата беше потенцирано дека мора да се почитува законската регулатива при вршeње угостителска дејност, односно да се спречат појавите на нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика, точење на алкохол на малолетни лица и други недозволени однесувања, спротивни на законската регулатива.

Вакви средби и превентивни активности ќе бидат организирани во сите општини во Скопје со сите претставници кои вршат угостителска дејност.