Поради дефект на ф-150 мм, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од на улица „Финска“ 93.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09 часот до завршување со санација на дефектот.
Воедно информираат дека поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на „Македонско Косовска Бригада“ 30, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 часот до санација на дефектот.